Ја добивте пораката „14643“ на WhatsApp, но не знаете што значи тоа?
Тука сме да ви откриеме.
Во моментов се испраќаат многу слични пораки, а една од најпознатите низи е токму оваа – 14643.
Но, зошто овие бројки се толку интригантни?
Трендот на испраќање на тој „код“ започна на ТикТок, но брзо се прошири и на WhatsApp, објави германската РТЛ.
Идејата е едноставна – корисниците испраќаат кратки низи од броеви кои всушност претставуваат тајни пораки.
Низата 14643 всушност значи „Секогаш ќе те сакам“ (I will always love you).
Секој број има свое значење:
1 = I
4 = will
6 = always
4 = love
3 = You.
Овој тренд стана популарен затоа што им овозможува на корисниците да комуницираат на креативен начин, испраќајќи тајни пораки кои се само за одбрани очи.







