Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Таргет-Тврдина“ продолжува на 14 март
Судски процеси

„Таргет-Тврдина“ продолжува на 14 март

февруари 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Главната расправа за случајот „Таргет-Тврдина“ продолжува на 14 март со испрашување на сведокот Ѕвонко Костовски од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Костовски денеска во Кривичниот суд рече дека бил откриен оти ги снимал материјалите од скајп комуникацијата од запленетите компјутери на Зоран Верушевски, а при проверката на скајп транскриптите било откриено ЦВ на Ѓорѓи Лазаревски, каде пишувало дека селекторот живее во куќа каде ѕвончето ѕвони како славеј.

-Ѓорѓи беше викнат на разговор во МВР, а по час или два дојде Горан Грујевски и ме праша „зошто бе и мене ме викнаа на разговор и ми рекоа дека сум вадел податоци од системот“. Јас првично негирав, а потоа дојдоа повеќе лица, меѓу кои и Мијалков, кој ми рече или ќе признаеш или ќе лежиш 15 години. Доколку не признаев, покрај нас ќе беше вклучен уште некој од колегите, а постоеше опасност и за моето семејство, рече Костовски.

Грујевски и Мијалков, како што кажа, располагале со компјутери со кои имале директен пристап во системот за следење комуникации.

Костовски посочи дека Ѓорѓи Лазаревски во 2010 година го убедил да вади материјал од незаконското следење на комуникациите и оти првата снимка ја направил на крајот на 2010 година со СМС пораки меѓу тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министрите Миле Јанакиески и Антонио Милошоски. Потоа откако тоа било анализирано од Зоран Верушевски, почнал да снима аудиоснимки од следењето на политичари, бизнисмени, новинари,… Податоците ги вадел преку компјутер во салата каде бил системот, а од таму ги префрлал на мемориски стик од каде ги преземал на компјутерот во неговата канцеларија и ги снимал на диск.

На почеток ги снимале на ДВД, а потоа на мемориски стик, по што му ги предавал на Ѓорѓи Лазаревски, а тој на Зоран Верушевски. ДВД, како што рече Костовски, ги набавувал Ѓорѓи од надвор, а некогаш купувал и тој.

-Додека ги преземав податоците воопшто немав контакт со Зоран Верушевски. Со него контактираше колегата Ѓорѓи Лазаревски. Решив да прекинам со преземањето зошто немаше никаков ефект и немавме каде и кому да пријавиме и ние ќе бевме на удар. Затоа сметавме дека е најбезбедно да му пријавиме на Верушевски за кого сметавме дека е професионалец, рече Костовски.

За понатамошната судбина на материјалите со Ѓорѓи, како што потенцира, решиле дека е најдобро да одлучи Верушевски.

Костовски рече дека кај себе воопшто не чувал снимени материјали и веднаш ги предавал на Ѓорѓи кој правел некаква датабаза, но не знае дали ги чувал снимките од аудиоразговорите.

Додаде дека кон крајот на септември 2014 година дознал дека материјалите му биле предадаени на лидерот на опозицијата. Тоа му го соопштил Горан Грујевски, кој му рекол дека Зоран Заев бил кај премиерот и му се заканил со снимките за кои рекол дека потекнуваат од странски служби. Му наложил да провери во системот дали се експортирани снимки.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

март продолжува судење Таргет Тврдина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Евростат: Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто

април 22, 2026

ССМ остава можност за договор до крајот на месецов, од март ќе оди на генерален штрајк

февруари 17, 2026

Кон крајот на март стрелките на часовникот одат еден час нанапред

февруари 10, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.