Еден Австриец оценил дека студирањето на ќерка му траело предолго и поради тоа поднел тужба против неа, бара да му ги врати вложените пари.
Неименувана девојка студирала ахитектура на Универзитетот во Виена. На татко и му дошло преку глава нејзиното школување и одлучил да ја тужи ќерката барајќи од неа да му врати 24.000 евра вложени во нејзината школарина.
Несудениот архитект студирала 13, додека во просек студирањето на тој факултет трае само осум семестри.
Откако нижите судови не пресудиле во негова корист, фрустрираниот татко поднел жалба до Врховниот суд. Тој суд одлучил дека таткото навистина е во право, заклучувајќи дека бил обврзан да плати само 10 од вкупно 13 семестри колку што неговата ќерка студирала.
Покрај 24.000 илјади евра, ќерката ќе мора да плати и 8.000 евра за судски трошоци.
Иако ова може да изгледа многу необично, медиумите пренесуваат дека не е единствен случај.
Адвокатската канцеларија која го застапувала таткото, во последните две години работела на шест вакви тужби.