Џорџ Сантос, њујоршки републиканец познат по измислувањето клучни делови од неговата животна приказна, уапсен е денеска врз основа на кривични пријави, дури и пред очекуваното појавување на суд, пренесува АП.
Во обвинението се вели дека Сантос ги навел поддржувачите да донираат за неговата компанија под лажен изговор дека парите ќе бидат искористени за поддршка на неговата кампања.
Наместо тоа, се вели, ги користел за лични трошоци, за луксузна дизајнирана облека и за да ги покрие трошоците на своите кредитни картички.
Сантос, исто така, е обвинет дека лажел за своите финансии во формуларите за личните податоци што ги доставил до Конгресот и дека се пријавил и примал пари за наводна невработеност, а во суштина бил вработен како регионален директор во инвестициска фирма и се кандидирал за во Конгресот.
Во 2017 година Сантос беше обвинет за кражба во Пенсилванија, а како 19-годишник бил осомничен дека користел украдени чекови во Бразил, пишува АП.
(Фото: АФП)







