Откако синоќа беше отстранет споменикот на „Александар Македонски“ од скопскиот аеродром, веднаш реагираа тврдокорните, тие порачаа дека во најбрз можен рок ќе организираат блокирање на аеродромот.
„Нападот против Александар Македонски е напад против целиот Македонски народ! Нападот против Александар Македонски претставува објавување на војна! А ова е војна која треба и мора да се добие, па дури и по цена на нашите животи! Никогаш нема да им простиме на предавници, утре допрва доаѓа!
Борбата за Македонија допрва доаѓа!“, напишаа Тврдокорни на својата Фејсбук страна.







