Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тевдовски: Со државна поддршка, од септември минималната плата 12.000 денари
Македонија

Тевдовски: Со државна поддршка, од септември минималната плата 12.000 денари

јуни 28, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со 1,5 милион евра буџетски средства месечно, Владата ќе ги поддржи компаниите да исплаќаат минимална плата од 12.000 денари.

„Како што соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, поддршката ќе почне од септември кога се очекува и стартот на исплатата на минималната плата од 12.000 денари со што до крајот на годинава би биле потрошени шест милиони евра државни пари.

Ова е владиниот предлог што се разгледува со сите засегнати страни, синдикалците, коморите и работодавачите и според кој, од март 2018 година буџетската поддршка би се преполовила и би изнесувала 750.000 евра месечно.

„Средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година, вкупно шест милиони евра, се предвидени со ребалансот на Буџетот.

„Во Македонија апсолутно има простор за подигнување на минималната плата ако се гледа структурата на БДП, учеството на платите и профитите, но, за да бидеме сигурни дека луѓето ќе бидат безбедни, дизајнираме мерки за поддршка на работодавачите. Клучно е да се исплаќа минималната плата во целост и да нема отпуштања, истакна Тевдовски на прес-конференција, додавајќи дека се размислува, контролите да ги врши УЈП.

Поддршката ќе биде по исплатена бруто плата за луѓето да добијат повисока плата и истовремено фондовите да се полнат, да ги добиваат придонесите за пензиско и здравствено осигурување.

„Планираме да има рангирање, во првата група да бидат работниците со плата до 10.000 денари, во втората работниците со плата меѓу 10.000 – 10.500, третата 10.500 – 11.000 и четвртата 11.000 до 11.500 денари. Исто така и поддршката да биде скалеста, од 2.000 за првата група, 1.500 за втората,…., објасни Тевдовски.

За работодавачите, владиниот предлог е прифатлив, но не смее да се дозволи евентуално создавање услови за т.н. урамниловка.

„Зголемувањето на платите по максимум 2.000 денари од вработен или 16 отсто не е голем товар за бизнисот, но, мора да се разговара за да не се предизвика урамниловка која негативно би се одразила врз добрите работници.

Ако добриот работник остварува 12.000 денари, а зема иста плата со оној што остварил 10.000 денари, ќе се создаде урамниловка која ќе ја намали продуктивноста на компаниите, а тоа никој од нас не го посакува., оцени претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров пред средбата со Тевдовски за минималната плата.

Урамниловката може да се спречи, подвлече, ако се овозможи пораст на просечните плати во трудоинтензивните гранки. – Не е целта само работниците кои досега земаа под 12.000 нето плата да достигнат повеќе, мораме да ја подигнеме просечната плата во овие ганки за да може вработените да земаат 14.000 – 15.000 денари, посочи Димитров.

Според последните податоци на УЈП, во Македонија до 12.000 денари нето плата земаат 130.000 лица што е 20 отсто од вкупниот број вработени.

актуелно македонија Тевдовски ујп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.