Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тевдовски: Со Ребалансот на Буџетот им се помага на општините да ги намалат долговите
Економија

Тевдовски: Со Ребалансот на Буџетот им се помага на општините да ги намалат долговите

октомври 15, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Целта на Предлог Ребалансот на Буџетот за 2018 година е да се направат корекции на расходната страна за да се обезбеди финансиска поддршка за општините за отплата на дел од долговите. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната прес-конференција, по повод усвојувањето на Предлог Ребалансот од страна на Владата.

Како што истакна министерот за финансии, направени се помали корекции на приходната и расходната страна.

„Приходната страна на Буџетот е коригирана незначително, за 0,5% надолу. Ревидирањето на планираните проекции на приходите на Буџетот на Република Македонија е пред се резултат на: намалувањето на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од 812 милиони денари заради реализацијата во првите девет месеци од годинава. Расходната страна на Буџетот е коригирана надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5%. Нивото на буџетски дефицит е задржано на 2,7% од БДП. Со ова се задржува определбата за постепена фискална консолидација-рече Тевдовски.

Извршени се следните позначајни измени:

1. Намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, воглавно кај проекти финансирани со кредити. Капиталните расходи се намалуваат за 5,666 милијарди денари, од кои 1,672 милијарди денари на буџетската сметка и 3,994 милијарди денари на кредитната сметка. Каматните расходи се намалуваат за 897 милиони денари, пред сѐ заради успешното менаџирање со јавниот долг и обезбедувањето на пониски каматни стапки за сервисирање на долгот. А, се врши и реалокација на средства помеѓу буџетските корисници. Притоа, се обезбедуваат дополнителни 198 милиони денари за политички партии и истражувачки центри согласно промената на закон, како и средства за функционирање на ОТА до крајот на годината.

2. Се обезбедуваат дополнителни 1,8 милијарди денари за Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и за Агенцијата за вработување. Со овие средства освен непреченото реализирање на обврските на овие институции се очекува и етапно намалување на долговите на здравствениот систем.

3. Најголема алокација има за општините. Се обезбедува финансиска поддршка на општините во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски на општините и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита.

Министерот за финансии рече дека начинот на реализацијата на финансиската поддршка на општините ќе биде утврдена со закон. Исто така, со закон ќе се постави механизам за спречување на можноста за трупање на неплатени обврски во општините.  Законите се во финална фаза на изработка, а ќе бидат доставени до Собранието доколку на пленарната седница биде изгласан почетокот на постапката на уставните промени. Во спротивно, ќе се распишат предвремени парламентарни избори и овој Ребаланс на буџетот нема да може да биде усвоен од страна на Собранието на Република Македонија.

„Јас би сакал да потенцирам дека во моментов постои можност да им се помогне на општините. А, доколку дојде до неприфаќање на почеток на постапката за уставни промени и се распишат предвремени парламентарни избори, таквата можност ќе се изгуби бидејќи Ребалансот нема да биде на сила, а во предлог Буџетот за 2019 година, кој е во фаза на изработка, не постои фискален простор за финансиска поддршка на општините, – рече Тевдовски.

Со Предлог Ребалансот ревидирана е проекцијата за раст на БДП на 2,8%. Како што беше посочено, тоа се прави пред сѐ заради блокадата за влез во НАТО и ЕУ од страна на опозицијата. Интеграцијата на земјава носи безбедност и сигурност, кои се најважни при носењето на одлуки од страна на инвеститорите. Неизвесноста негативно може да влијае на економијата.

актуелно буџет ребаланс Тевдовски фонд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.