Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тевдовски: Ќе се намалуваат глобите за царински прекршоци
Економија

Тевдовски: Ќе се намалуваат глобите за царински прекршоци

април 11, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Релаксирање на казнената политика и намалување на казните кај Царината, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на одбележувањето на Денот на Царинската управа. Како што истакна министерот за финансии, со цел олеснување на условите за бизнис заедницата и во интерес на македонските граѓани, а во согласност со Програмата и приоритетите на Владата на Република Македонија, подготвени се законски измени за релаксирање на казнената политика.

„Во координација со Царинската управа се изврши сеопфатна анализа на казнената политика и се изготвија предлози за намалување на глобите, односно за нивно изрекување соодветно на тежината на сторениот прекршок – истакна министерот Тевдовски.

Тевдовски, на одбележувањето на Денот на Царината, истакна дека се спроведуваат повеќе проекти за олеснување и подобрување на трговската размена преку граничните премини. Министерот посочи дека се работи на концептот едно застанување – односно на еден граничен премин да се поминат граничните контроли на две земји.

„Во унапредувањето на трговската размена од големо значење ќе бидат и активностите кои се преземаат за спојување на граничните премини со дел од соседните земји (Србија, Албанија и Косово). Концептот со едно застанување, на еден граничен премин, да се поминат граничните контроли во двете земји значително ќе ја забрза и олесни стоковата размена. Идејата за единствен граничен премин ќе придонесе за унапредување на регионалната соработка, ќе го направи регионот поконкурентно место за стопанисување и ќе влијае на трговскиот раст – рече Тевдовски.

Како што посочи министерот за финансии преку ИПА фондовите се модернизираат и граничните премини Табановце и Ќафасан, што ќе ја олесни стоковата разман и транспортот на коридоритте 8 и 10.

„Преку европските фондови се финансираше надградба на објектите за царинење на граничниот премин Табановце, односно се прошири и пренамени постојниот царински терминал и се изградија две коловозни ленти. Реализацијата на овој проект ќе придонесе кон зголемување на пропусната моќ на преминот и забрзување и олеснување на стоковата размена и транспортот долж коридорот 10. Модернизираниот граничен премин Табановце се очекува да се пушти во употреба во наредните неколку месеци. Кон крајот на 2018 година се очекува да заврши и проектот за реконструкција на објектите за царинење и инспекција на граничниот премин Ќафасан, исто така финансиран од ИПА фондовите. Со реконструкцијата на преминот, долж коридорот 8 се создаваат услови за натамошно забрзување на прекуграничниот промет – рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека континуирано се работи на унапредување на услугите и работата на Царинската управа. Тој посочи дека во Програмата за реформа на јавните финансии 2018-2021, се предвидува подобрување на постапките и услугите на Царината како и на борбата против царински измами.

„Се преземаат чекори кон уште поголемо забрзување и олеснување на трговската размена преку воведување на концептот овластен економски оператор. Преку овој концепт ќе се обезбеди непречен проток на стоките и услугите во регионот за имателите на лиценца на овластен економски оператор-рече Тевдовски.

На одбележувањето на Денот на Царинската управа Тевдовски истакна дека Царината е вистински чувар на финансиските интереси на државата, на здравјето и животот на граѓаните на Република Македонија. Тој посочи дека станува збор за институција која има висок рејтинг, како во земјава така и на меѓународно ниво.

„Царината е како лична карта на државата – таа е првата институција со која што некој што доаѓа однадвор стапува во контакт. Затоа е таа е исклучително важна во градењето на имиџ на европска и современа држава – истакна Тевдовски.

На Денот на Царинската управа свое обраќање имаше и директорот Ѓоко Танаскоски и пензионирани царински службеници кои споделија искуства од нивната служба.

актуелно албанија Косово министер србија Тевдовски царина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.