Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тевдовски: 2019 ќе биде година во која ќе растат платите, бројот на работни места и инвестициите
Економија

Тевдовски: 2019 ќе биде година во која ќе растат платите, бројот на работни места и инвестициите

декември 22, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Следната година ќе биде година во која ќе растат платите, бројот на работните места и инвестициите. Ако 2018 година беше година на крупни реформи и поставување на темелите за еден подобар економски систем, 2019 треба да биде година во која веќе посериозно треба да се почуствуваат ефектите од овие реформи, вели во интервју за МИА министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тевдовски наведува дека во 2018 година се направени системски решенија што ќе придонесат за намалување на дефицитот во ПИОМ, фискална консолидација, воведување  гарантиран минимален приход, но и отплата на наследените обврски.

– Раст на платите, отворање нови работни места, поддршка на претпријатијата, одговорно управување со јавните финансии – се целите што сакаме да ги постигнеме. Ако ги погледнеме сите овие параметри во 2018 година, можеме да кажеме дека годинава беше добра за македонската економија.

Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, од почетокот на годината просечната плата е повисока за 5,7 отсто. Она што е особено важно е што има двоцифрен раст во секторите со најниски плати (текстил, облека и кожа). Невработеноста е намалена на 20,8 отсто и е најниска  досега. Отворени се 14.239 нови работни места, согласно последните податоци на статистика. После подолг период се враќа довербата на инвеститорите. Првите девет месеци странските директни инвестиции достигнаа 316 милиони евра, што е значително повисоко од вкупниот годишен износ минатата година. Извозот е за 16 отсто повисок во однос на лани. Расте индустријата, но и услужниот сектор. Второто и третото тримесечје имаме солидни остварувања на бруто-домашниот производ, а истото го очекуваме и за последното тримесечје годинава.

Направени се значајни реформи во јавните финансии. Годинава подготвивме три крупни реформи – даночната, пензиската реформа и реформа на социјалниот систем. Тие ќе обезбедат постепена фискална консолидација, намалување на дефицитот на ПИОМ, подобро таргетирање на социјалните трансфери и воведување минимален адекватен приход.

Со новиот Закон за јавни набавки се предвидува значително подобрување на системот на јавни набавки. Тој ќе донесе поголема транспарентност и поголема ефикасност во јавните набавки.

Направивме и системско решение за решавање на проблемот со неизмирените обврски оставени од претходната Влада. Сега имаме јасна евиденција, механизам да спречиме тие да се натрупуваат во иднина, додека голем број од обврските се веќе отплатени.

Во континуитет работиме и на подобрување на фискалната транспарентност. Годинава беше изработена веб-апликација „Граѓански буџет“ на која се поставени буџетите за 2017, 2018 и 2019 година. Таа е едноставна и достапна за користење за широката јавност – вели министерот.

Тевдовски истакна дека како Влада се трудат да се обезбедат подобри услови за живот за сите граѓани.

„Прво, тоа значи повисок животен стандард, повисоки плати за сите граѓани, вклучително и јавниот сектор. Второ, тоа значи подобри услуги од јавниот сектор за граѓаните. Вработените кои се подобро платени се помотивирани, работат подобро. Во јавниот сектор, кај повеќето дејности платите не беа корегирани со години. Затоа имаме одлив на лекари, немотивирани наставници. Ова се столбовите на општеството.

Што сакаме да постигнеме? Сакаме најдобрите лекари, граѓаните да ги бараат во јавното, а не во приватното здравство. Сакаме образовните работници да бидат мотивирани да ги научат учениците, а не само да ја испредадат лекцијата. Сакаме да обезбедиме добри услуги за граѓаните во сите сегменти од јавниот сектор. Затоа напоредно се работи и на реформа во администрацијата. Потребни се силни и функционални институции.

Се залагаме за раст на платите и во приватниот сектор. Еден од првите чекори кои ги презема Владата беше покачувањето на минималната плата за сите сектори. Тоа придонесе за придвижување на спиралата на плати и повисок раст на просечната плата, особено кај оние дејности кои порано земаа плата под минималната. Тука се и мерките за поддршка на претпријатијата, кои поддржуваат подобро платени работни места.

Во однос на прашањето дали ќе може буџетот на долг рок да го сервисира покачувањето – секако, инаку не би било планирано. Во буџетот за следната година буџетскиот дефицит e намален во однос на оваа, како процент од БДП, но и во апсолутен износ. Значи, спроведуваме постепена фискална консолидација. Ова е клучен и неопходен чекор за стабилизација на јавниот долг на среден рок, рече Тевдовски.

актуелно вработување економија инвестиции плати
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.