Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТЕЖОК УДАР: Големи донатори го напуштаат ДеСантис, најголемиот ривал на Трамп
СВЕТ

ТЕЖОК УДАР: Големи донатори го напуштаат ДеСантис, најголемиот ривал на Трамп

јули 25, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се погласни се гласините дека Рон ДеСантис, најсериозниот противник на Доналд Трамп во трката за републиканската претседателска номинација, го напуштаат од големи донатори.

За „Фајнешнл тајмс“, извори блиски до Кен Грифин и Нелсон Пелц сугерираат дека двајцата бизнисмени се предомислуваат за поддршка на 44-годишниот гувернер.

Проблемот бил погрешната стратегија во кампањата, односно претераната војна на ДеСантис против „разбудената“ култура.

Извор на весникот, близок до Грифин, вели дека шефот на хеџ фондот „Цитадел“ се противи на обидите да се забранат дискусиите за полот и сексуалноста во училиштата во Флорида и на војната на ДеСантис против Дизни, најголемиот и најзначаен плаќач на данок на Флорида.

Човек на Нелсон Пелц изјави за весникот дека основачот на инвестициската компанија „Триан Партнерс“ ги прифаќа повеќето политики на младиот гувернер, но го смета неговиот став за абортусот премногу строг.

ДеСантин неодамна потпиша предлог-закон со кој се забранува абортус после шестата недела од бременоста.

Кога станува збор за забрана на книги, Флорида минатата година воведе мерки за да им олесни на родителите да отстранат одредени дела од училишните библиотеки.

Книгите кои се најдоа на удар во Флорида вклучуваат литература со експлицитна визуелна содржина поврзана за одгој на деца од припадници на ЛГБТ заедницата, детска книга за двајца мажјаци пингвини кои одгледуваат мало пингвинче во зоолошка градина (заснована на вистинска приказна) и романот на нобеловката Тони Морисон чија тема е злоставување на дете.

Рон Де Сантис, кандидатот за републиканска номинација на претседателските избори во САД во 2024 година, неодамна отпушти низа соработници во својата кампања. А, наводно, тие десет отпуштања се само почеток.

За се е виновно прекумерното трошење пари од донаторите.

Од 20-те милиони долари кои ДеСантис ги собра од започнувањето на кампањата до крајот на вториот квартал, потрошени се дури 8 милиони, па алармот заѕвони во штабот на конзервативниот гувернер на Флорида, поранешен сојузник на Доналд Трамп.

Од околу 12 милиони што моментално му остануваат на располагање, три милиони може да потроши само на избори, а не во предизборниот период.

А, со оглед на тоа дека зависи од големите донатори, кои веќе му го донираа законскиот максимум, кампањата на ДеСантис потенцијално се соочува со сериозен проблем со пари.

Извори од централниот штам зборуваат за големиот број вработени – дури 92 лица во одреден момент биле дел од платениот тим на ДеСантис, што е многу повеќе од бројот на луѓе со кои се опкружени другите кандидати.

Освен тоа, со оглед дека не стои најдобро во анкетите, не може да очекува дека парите ќе продолжат да се слеваат во таква мерка како досега.

Како што резимира еден донатор на конзервативниот гувернер: „Акциите на Рон паѓаат. Инвеститорите не се тука за 20 проценти“.

Но, тоа е моменталниот рејтинг на до неодамна големата ѕвезда на Републиканската партија, сè уште најпознатиот предизвикувач на Трамп за републиканската претседателска номинација.

Кампањата на Трамп, според неговите луѓе, собрала 33 милиони долари, иако финансиските документи што ги поднесоа на затворањето на вториот квартал велат дека имаат 17 милиони долари.

Најголем дел од парите на Трамп дојдоа од мали донатори, што не звучи многу ветувачко за ДеСантис и неговите луѓе.

Неговиот персонал се обидува да звучи самоуверено и да зрачи со оптимизам.

„Американците се собираат зад ДеСантис, кој ќе го врати разумот во нашата земја, а неговиот рејтинг ќе расте колку повеќе гласачи го гледаат во нивните држави, особено во Ајова. Џо Бајден и неговите собрани 72 милиони долари бараат молскавична кампања, фокусирана на кандидатот, а ние градиме движење што ќе стигне далеку“, напиша во соопштение советникот на ДеСантис, Андреј Ромео.

Неволјите со очајното трошење само ги зголемуваат прашањата за тоа колку е светла ѕвездата на Рон ДеСантис како главен конкурент на Трамп.

По ветувачкиот почеток, ДеСантис падна во анкетите. Тој е на второто место, но далеку зад прворангираниот Трамп. На Трамп му помогнаа тоа што против него беа подигнати обвиненија, со што му се зголеми видливоста во медиумите и му се пружи можност да освојува поени играјќи на картата жртва на „длабоката држава“ против која се бори. Анкетите покажаа дека тој добро ги искористил обвинувањата за вознемирување и корупција, бидејќи дури 20 отсто од републиканците рекле дека сега се повеќе со Трамп отколку порано.

Дека ваквите резултати предизвикаа хаос и паника во штабот на ДеСантис, се гледа од низата неодамнешни одлуки. Покрај намалувањето на персоналот и трошоците, ДеСантис се сврте кон големи телевизии и интервјуа, мораше да ги намали патувањата на приоритетните посети на Ајова, Јужна Каролина и Њу Хемпшир – сојузни држави кои први гласаат на предизборите и кои победничкиот кандидат мора да ги добие.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Скот Олсон / АФП)

актуелно Америка Донад Трамп избори републиканци Рон ДеСантис
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.