За Европската перспектива на Македонија, развивањето на македонско-грчките односи и спорот за името, се дел од темите за кои телефонски разговарале грчкиот премиер Алексис Ципрас и новиот македонски премиер Зоран Заев.
Од кабинетот на Ципрас соопштуваат дека грчкиот премиер му ја честитал на Заев премиерската функција во Македонија.
Ципрас во разговорот ги повторил и потенцирал грчките позиции во однос на прашањето за името, а се разговарало и за перспективата на Македонија за прием во Европската унија и НАТО.
За првата официјална средба меѓу високи претставници на грчката и на новата македонска влада планирана во текот на овој месец меѓу двајцата министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Косијас.







