Гигантот за електрични автомобили „Тесла“ вчера ја објави својата заработка во третиот квартал по затворањето на тргувањето на Волстрит.
Резултатите се под очекувањата на аналитичарите во однос на приходите, но малку подобри од очекувањата во однос на заработката.
Приходи во третиот квартал се 21,45 милијарди долари наспроти очекуваните 22,09 милијарди долари
Акциите на производителот на автомобили паднаа за повеќе од 5% по објавувањето на извештајот.
Од компанијата велат дека се уште очекуваат просечна годишна стапка на раст на испораката на возила од 50% за оваа година.
Производителот на автомобили, исто така, смета дека верува оти има доволно ликвидност за да продолжи со изградбата на својата мапа на патот.
„Тесла“ од година во година се соочува со проблеми поради зголемените трошоци за суровини и неефикасноста во нејзината фабрика во Берлин.
Патем, и зајакнувањето на доларот влијае на продажбата на „Тесла“ во странство, намалувајќи ја профитабилноста.
Пред извештајот за заработката, „Тесла“ соопшти дека во третиот квартал биле произведени 365.932 возила, а испорачани 343.830. Тоа е повеќе од 258.580 што беа произведени и 254.695 испорача во вториот квартал, кога компанијата беше погодена од затворање поврзано со Ковид во Кина.
Во третото тромесечие од 2021 година, фирмата произведе 237.823 возила и испорача 241.300.
Што се однесува до идните производи на компанијата, „Тесла“ очекува да започне со изградба на својот „Сајбертрак“ (Cybertruck) во Тексас, откако ќе го зголеми производството на моделот „Y“.







