Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТЕХНО ЗАБАВИТЕ ВО ХРВАТСКА ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА: Разбиена опасна британска банда
Во Фокусот

ТЕХНО ЗАБАВИТЕ ВО ХРВАТСКА ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА: Разбиена опасна британска банда

септември 1, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Девет фестивали на електронска музика во пет хрватски жупании ги зафати летово оперативната акција „ПЕРЕДУР 2023“.

Бројките поврзани со запленетите дроги и пари кои потекнуваат од шверцот со наркотиците, како и бројот на апсења, притворања и пријави, се импресивни, информираат медиумите во Хрватска.

Хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во акцијата учествувале полициски службеници од криминалистичката и униформираната (интервентна) полиција од повеќе управи, во соработка со специјализирани припадници на органите на прогонот на Велика Британија и Националната криминалистичка агенција и припадници на Федералната криминалистичка полиција на Германија.

Врз основа на анализа и проценка на ризик, акцијата се спроведувала од 23 јуни до 25 август годинава на вкупно девет музички фестивали на електронска музика, кои се одржаа на подрачјето на Задар, Карловац, Сплит, Шибеник и Книн.

Целта на оперативната акција е заштита на животите и имотот и состојбата на општата безбедност во Хрватска за време на туристичката сезона преку превенција, откривање и гонење на кривични дела и прекршоци првенствено поврзани со шверц и трговија со дрога.

Полицијата својата оперативна работа ја насочила приоритетно кон откривање на препродавачи на дрога (дилери), како и спречување на формирање на привремен нарко пазар на музичките фестивали, како и обезбедување сигурност на места каде што се собираат голем број луѓе (на пример, на УЛТРА во Сплит имало над 30.000 посетители дневно), клони кон трошење за стимуланси или халуциногени дроги.

Соработката на хрватските со британските полицајци се покажала како клучна, имајќи го предвид нивното искуство од следење на вакви фестивали низ Британија, и тоа дека многу голем број посетители се од островот.

Во текот на акцијата идентификувани се и кривично гонети членови на криминална група – бандата наречена „Скаусери“ од Ливерпул, која во моментов е една од подоминантните улични банди во Британија.

Според официјални податоци, во првите седум месеци во Хрватска се остварени над 11,5 милиони пристигнувања и речиси 57 милиони ноќевања, што споредено со истиот период лани претставува раст од 10 отсто на пристигнувања и 4 отсто на ноќевања.

„Во овие околности, беше и очекувано и потребно систематско оперативно дејствување на полициските сили на фестивалите за електронска музика, каде што вообичаено се собираат домашни и странски гости кои конзумираат дрога и го нарушуваат јавниот ред и мир, а како резултат на тоа може да дојде до загрозување на општата состојба на безбедност на граѓаните и нивниот имот. Забележано е дека ваквите собири ги следат и членови на криминалното милје кои, организирано, препродаваат дрога на посетителите“, истакнуваат од хрватската полиција.

Во акција поднесени се вкупно 47 кривични пријави, изготвени 54 обвинителни акти, а издадени се 467 прекршочни пријави со парични казни, врз основа на кои се наплатени околу 224.000 евра.

Пријавени се вкупно 69 хрватски и 424 странски државјани од повеќе од 30 земји (кривични и прекршочни пријави).

При спроведување на акцијата, полицајците одзеле 126.869 евра, 6.940 британски фунти и 573 американски долари (вкупно околу 135.500 евра).

Запленети се и 9,4 килограми марихуана, 882 грама хашиш, 16.309 таблети – екстази, 990 грама МДМА, 2,3 килограми кокаин, 284 грама амфетамин, 112 дози ЛСД и 329 грама печурки Псилоцибин.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Кропикс / МВР на Хрватска)

актуелно банда дрога техно фестивали хрватска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.