Во судир на два воза што денеска попладнево се случи во близина на Барселона, загина возач, а десетици патници се полесно повредени, соопштија регионалните власти.
Повредени се околу 85 лица, од кои двајца потешко, соопштија од регионалната служба за итни медицинска помош.
Судирот се случил околу 18 часот кога товарен воз излетал од шините и удрил во патнички воз на станицата на околу 14 километри од Барселона.
Од подледици од ударот загинал машиновозачот на патничкиот воз, информираа од регионалната влада.
(Фото: Танјуг/АП)