Имате одлични тројца кандидати за претседател и државата треба да се гордее со нив. Трката мора да се одигра фер, во мирна, демократска атмосфера и никој да не ги оспорува изборните резултати, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
„Тоа ќе биде многу важно за одлуките во јуни, да може земјата да ја сврти новата страница од 27 април, за остварување на заедничките цели и интереси, влез во ЕУ и НАТО, истакна Тимоние на средбата со градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.
Тимоние синоќа ја посети Општина Крива Паланка по повод 7. Франкофонска вечер.







