Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТНТ одложено за следната година, поднесена иницијатива за спречување на одолговлекување на судењата
Судски процеси

ТНТ одложено за следната година, поднесена иницијатива за спречување на одолговлекување на судењата

декември 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Судењето за случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски продолжува на 17 јануари 2020 година.

Истекување на мандатот на поротници, откажување на адвокати, болни сведоци и обвинети се дел од причините за одложување на рочиштата, но и за поднесување на иницијатива за измени и дополнување на Законот за кривична постапка.

Рочиштето за „ТНТ“ вчера беше одложено поради отсуство на обвинетиот Тони Трајковски, за кого неговиот бранител Јовица Страшевски рече дека е хоспитализиран на Клиника за неврохирургија.

На следното рочиште ќе се знае дали процесот ќе продолжи или ќе има промени на Судечкиот совет, што резултира со повторување на целата постапка.

Адвокатите од одбраната на вчерашното рочиште на „ТНТ“ побараа постапката да не продолжува со денешниот состав, бидејќи на Лилјана Ивановска Кочоска и престанува функцијата судија поротник, додека судијата поротник Марија Кондовска има навршено 60 години со што и престанува функцијата по сила на закон.

Обвинителот Бурим Рустеми рече дека функцијата судија поротник не
престанува автоматски и оти смета дека може да се продолжи по барање.

Во „ТНТ“ обвинети се повеќе лица меѓу кои и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Туфегџиќ вчера
поднесе иницијатива до надлежните институции за измени и дополнување на Законот за кривична постапка, со цел да се спречи непотребното одолговлекување на судските рочишта при промена на член на судечкиот совет, при што некои се враќаат и на почеток.

Со оваа иницијатива судиите на овој Суд, како што стои во соопштението, сакаат да придонесат измени со кои доследно ќе се почитуваат правата на странките во постапката, ефикасност во постапувањето, еднаквост на оружјата и почитување на правото за судење во разумен рок.

„Имајќи ја предвид досегашната судска пракса, во смисла на примена на законските одредби од ЗКП, а кои се однесуваат на повторен почеток на главна расправа во случај на измена на составот на судечкиот совет, сметам дека Основниот кривичен суд треба да поднесе иницијатива за измена и дополнување на Законот за кривична постапка од причина што досегашната судска пракса покажала дека при промена на составот на судечкиот совет, продолжувањето на веќе започната кривична постапка во целост зависи од согласноста на странките, во однос на веќе изведените докази“, стои во иницијативата на судијата Туфегџиќ.

Имено, како што е наведено, во досегашното постапување во кривичните предмети пред Основниот кривичен суд, клучен фактор за одолговлекувањето на започнатите кривични постапки е токму изричната законска одредба од член 371 од ЗКП, која наметнува обврска на судечкиот совет да бара согласност од странките да се прочитаат веќе изведените материјални и вербални докази, а доколку таква согласност не биде дадена од странките во кривичната постапка, судечкиот совет во изменет состав мора одново да ги изведе сите докази.

Во иницијативата се предлага при промена на составот на судечкиот совет, започнатата кривична постапка непречено да продолжи откако на новите членови на постојниот судечки совет на нејавна седница ќе им бидат презентирани дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка, за што ќе се состави записник за одржана нејавна седница на судечкиот совет, притоа да се избришат законските решенија во оваа смисла кои предвидуваат изрична согласност на странките во кривичната постапка по однос на повторното изведување на веќе изведените докази.

актуелно Иницијатива судења ТНТ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.