Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Топлотниот бран во Европа продолжува да предизвикува разорни шумски пожари
Во Фокусот

Топлотниот бран во Европа продолжува да предизвикува разорни шумски пожари

јули 18, 2022Updated:јули 18, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Топлотниот бран што ја зафати западна Европа продолжува да предизвикува разорни шумски пожари. Овој топлотен бран е втор за нешто повеќе од еден месец во Европа.

Според научниците, зголемувањето на овие појави е директна последица на глобалното затоплување, а емисиите на стакленички гасови го зголемуваат нивниот интензитет, времетраење и зачестеност.

Во Франција, Грција, Португалија, Шпанија, пожарите изгореа илјадници хектари, принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, а минатата недела зедоа животи на неколку пожарникари и спасувачи. Засега нема пријавени жртви во пожарите во Франција и во Шпанија, но, властите во Мадрид соопштија дека високите температури предизвикале стотици смртни случаи.

Во југозападна Франција од вторникот изгореа речиси 11.000 хектари шума. Француската метеоролошка служба прогласи црвен код за опасност од горештини во 15 департмани во западниот дел на земјата, што е знак за врв на екстремни горештини.

„Денеска може да биде еден од најтоплите денови во Франција. Жештините се зголемуваат, топлотниот бран се шири низ државата, предупредува државната метеоролошка служба и очекува уривање на многу температурни рекорди, особено на западот и југозападот од државата.

Во Тест де Буш „ситуацијата се влошува. Пожарот стигна до морето и се движи кон југ“, се вели во соопштението на префектурата на Твитер, каде се повикува на „екстремна претпазливост“.

Двата големи пожари кои беснеат шест дена во Франција доведоа до евакуација на околу 16.200 луѓе.

Околу 20 шумски пожари сè уште беснеат во Шпанија и се надвор од контрола во различни делови на земјата. Во најјужниот дел на земјата, синоќа е ставен под контрола пожарот што избувна во петокот во планините во близина на Малага.

Според локалните власти, пожарот уништил речиси 2.000 хектари и принудил евакуација на повеќе од 3.000 жители.

Температурите вчера достигнаа 39 степени во Мадрид, 39,7 степени во Севиља и максимални 43,4 степени во Дон Бенито кај Бадахоз.

Педесетгодишен маж починал вчера од топлотен удар додека се шетал на улица во Торехон де Ардос, во близина на Мадрид, соопшти службата за итни случаи. Кога пристигнала итната помош, мажот бил во „кардиореспираторен застој“ и со телесна температура од 40 степени. Претходниот ден во Мадрид, 60-годишен работник на патишта почина од топлотен удар. Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека од 10 до 14 јули заклучно, како последица на екстремно високите температури, починале 237 лица.

Во Португалија завладеја затишје: вчера, за првпат од 8 јули, температурите не надминаа 40 степени, соопшти националната метеоролошка служба, откако во четвртокот го достигна јулскиот рекорд од 47 степени.

Според португалската служба за цивилна заштита, само еден голем пожар, во близина на Чавес во најсеверниот дел на земјата, се смета за активен и „практично под контрола“ во 90 отсто од неговиот периметар.

Сепак, речиси целата територија на Португалија е под „максимален“, „многу висок“ или „висок“ ризик од пожар, особено во централните и северните региони.

Според најновите податоци на португалските власти, во пожарите од минатата недела загинале две лица, а околу 60 се повредени. Од почетокот на топлотниот бран изгореа меѓу 12.000 и 15.000 хектари шума.

Европа пожари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи

октомври 19, 2026

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026

Силното невреме што ја зафати Грција, поплави улици, објекти, домови

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.