Тори Спелинг и Џени Гарт, ѕвездите на серијата „Беверли Хилс 90120“, најавија телевизиско шоу засновано на приказната од легендарната ТВ-сапуница.
Првите информации говорат дека не се работи за продолжение на приказната, туку за уште една т.н. „рибут“ преработка (со видоизменета приказна и елементи).
Освен Спелинг и Гарт, главните улоги во сапуницата ги толкуваа Џејсон Пристли, Шенон Доерти, Ијан Зиринг, Габриел Картерис и Лук Пери. „Беверли Хилс 90120“ оригинално се прикажуваше од 1990 до 2000, а првата преработка, со сосем нова актерска екипа, ја доживеа во 2008 година.
Повеќе детали за новиот проект засега не се откриваат.







