Вооружен маж вечерва отвори оган на група луѓе во Торонто, едно лице и напаѓачот загинаа, соопшти канадската полиција.
Во нападот во таканаречениот Грчки кварт загина девојка, а едно девојче е тешко рането и е во критична состојба, наведе полицијата.
Засега нема потврда дека станува збор за терористички напад.
Тежината на повредите на другите настрадани не е позната.
Полицијата и екипа на Итната медицинска помош дошле на лице место веднаш после пукотницата.
Полицијата во Торонто викендов размести десетици дополнителни припадници на безбедносните сили како одговор за зголемување на бројот на вооружени напади во градот во последно време.







