Грчки спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион Ф-4 кој денеска се урна во Јонското Море кај западна Грција, јави државната телевизија.
Авионот, кој бил на тренажен лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од аеродромот „Андравида“, на полуостровот Пелопонез.
Медиумите објавија дека двајцата пилоти се катапултирале од леталото, но властите до овој момент не можат да ја потврдат оваа информација.
Грција првпат набави „Ф-4„ или „Фантом“, борбени авиони од американско производство во 1974 година.
(Фото: Илустрација)