Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја знаат локацијата на третиот човек на Исламска држава, чиј лидер Абу Бакр ал Багдади беше убиен минатиот месец во американски напад.
„Нивниот трет човек во ланецот на команда има многу проблеми, затоа што ние знаеме каде тој се наоѓа“, им рече Трамп на новинарите после говорот што го одржа во Економскиот клуб во Њујорк, јави Ројтерс.
Трамп не го наведе идентитетот на новата цел.
Пред извесно време, САД соопшти дека водат истрага за Абу Ибрахим ал Хашеми ал Кураиши, кој е именуван на нов лидер на Исламска







