Заминувањето на Британците од Европската унија ќе и даде „идентитет“ на Велика Британија, оцени вчера американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката конференција за новинари со британската премиерка Тереза Меј.
„Брексит ќе биде сјајна работа за вашата земја. Кога се ќе се заврши, ќе имате свој идентитет и луѓе кои ги сакате во својата земја“, изјави Трамп кој ја прими Меј во Белата куќа.
„И ќе можете да потпишувате договори за слободна трговија, а притоа никој да не ве надгледува и не ве следи што работите“, додаде американскиот претседател.
Трамп неколку денови пред службеното превземање на должноста изрази подготвеност „што порано“ да го потпише трговскиот договор со Велика Британија која моментно преговара за условите за излез од Унијата.
„Имам многу лошо искуство со Европската унија. Кога имам нешто во некоја држава во ЕУ, многу е тешко да добијам дозволи. Добивањето дозволи од една земја треба да е брзо, лесно и делотворно. Но, многу е тешко да се добијат дозволи од една група, јас тоа го нарекувам конзорциум“, истакна Трамп.
На крајот Трамп додаде дека Брексит на крајот ќе биде исклучителна предност, а не голема кочница.







