Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека верува дека „лутото мнозинство“ на американските гласачи ќе го поддржи и ќе биде против истрагата за негово отповикување.
Трамп им се обрати на поддржувачите во полната арена во Тупел, во Мисисипи, еден ден откако Претставничкиоѕ дом ги усвои правилата за истрага за негово отповикување поради барањето на украинскиот претседател да спроведе истрага против демократскиот противкандидат Џо Бајден.
„Американскиот народ е сит од лагите на демократите, нивните измами и екстремизмот. Создадоа луто мнозинство кое ќе гласа многу безработници од редовите на демократите да останат без работа во 2020 година“, рече Трамп, а пренесе Ројтерс.
Истражувањето на јавното мислење покажа дека Американците се остро поделени – 49 отсто од испитаниците сметаат дека Трамп мора да биде отповикан и тргнат од должноста, а 47 отсто го поддржуваат.
Трамп изрази уверување во тоа дека ќе го победи секој демократски кандидат на изборите следната година.
„Ќе ги прегазиме“, рече самоуверено тој.
Го исмејуваше Бет О’рурк неколку часови откако поранешниот американски застапник неочекувано отпадна од трката за демократски претседателски кандидат.
„Бет, сиромав тој – јадно, патетично момче“, рече Трам за можниот противкандидат за изборите догодина.
Повтори дека како конкурент го отфрли Бајден како „ментално неподготвен“ и посочи дека тој многу брзо ќе отпадне од трката.
Трамп го оправдуваше телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за којшто во моментов има истрага.
„Јас во секој случај сум искрена личност, зарем би го повикал новоизбраниот претседател и би му рекол нешто непримерно знаејќи дека разговорите ги слушаат многумина?“, истакна американскиот претседател и ги повика републиканците да се соберат околу него.
Собирот во Тупело беше во рамки на кампањата за републикански кандидат за гувернер, а се смета дека тие избори ќе бидат индикатор за расположението во земјата една година пред изборите во кои Донал Трамп „ќе брка“ втор мандат.







