Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТРАЈАНОВ ВО АТАК НА КОРУПЦИЈАТА: „Потребен е удар врз главата на октоподот!“
Македонија

ТРАЈАНОВ ВО АТАК НА КОРУПЦИЈАТА: „Потребен е удар врз главата на октоподот!“

јануари 13, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов наскоро ќе предложи предлог-закон за формирање независна Агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција. За овој предлог, што тој повеќепати досега го спомнуваше во јавни настапи, веќе е подготвена нацрт-верзија. Смета дека со таков закон дефинитивно ќе се објави отворена и фронтална војна на институционалниот криминал и високата корупција.

„Во тек се завршни консултации со врвни експерти, по што предлогот ќе биде објавен во јавноста и ќе влезе во парламентарна постапка“, најавува Трајанов.

Во воведот на нацрт-верзијата се вели дека за организираниот криминал постојат повеќе дефиниции, меѓу кои и дефиницијата прифатена од страна на Советот на Европа: „Незаконски активности извршени од структурирани групи од три или повеќе лица кои постојат подолг временски период и имаат цел да извршуваат сериозни кривични дела преку користење закани, насилство, корупција или други средства, со цел директно или индиректно да се стекнат со финансиска или друга материјална корист“.

Но, предлагачот оценува дека оваа дефиниција не се вклопува во новите појавни облици на организираниот криминал типичен за земјите во транзиција, каква што е Македонија, каде што главните носители на организираниот криминал се високи државни функционери, кои своите институционални позиции ги користат за стекнување со материјални средства.

„Најопасен е институционалниот криминал поради кој ниту една реформа не може да се постави на системски основи, а уште помалку да се спроведува. Во изминатите 32 години владејачките гарнитури не изградија јасен политички став и не презедоа ништо за да се изгради ефикасен систем за спречување и искоренување на институционалниот организиран криминал и корупција. Граѓаните не можат да произведат толку, колку што власта може да растури и ограби, доколку нема реална опасност за одговорност“, наведува предлагачот.

Оттука, целта на независната Агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, е да работи на откривање на кривични дела сторени од носители на јавни функции и други вклучени во криминал, која ќе биде отпорна на дневнополитичките притисоци, со оглед дека еден од најголемите проблеми со кои се соочува РСМ е партизацијата.

Агенцијата треба да го открива скриениот имот, да иницира постапка за кривична одговорност, да предлага конфискација на имот стекнат на криминален начин и да предлага забрана за политичко дејствување за лица носители на јавни функции, кои се осудени на казна затвор за сторени тешки кривични дела од организиран криминал или висока корупција.

„Ефикасна борба против организираниот криминал значи силно ‘со чекан’ да го удриме ‘октоподот’ по главата. Во спротивно, доколку повремено му ги сечеме само краците, тој и натаму ќе се шири“, оценува предлагачот.

За имплементација на овој закон, според предлогот, неопходно е да се обезбедат просторни и технички услови за околу 50 вработени, а финансиските импликации врз буџетот ќе изнесуваат 6 милиони евра кои ќе се обезбедат преку алокација на средства (и кадри) од други надлежни институции за борба против криминалот.

Во предлогот, како тешки кривични дела се сметаат делата чија вредност надминува над 300.000 евра, како и делата со кои се поткопува економската стабилност на државата.

Се предлага, директорот на Агенцијата со мандат од 7 години да го бира Управен одбор од 15 члена, кој го сочинуваат универзитетски професори, медиумски претставници, од невладиниот сектор, од ДКСК…

При подготовката на предлог-законот биле користени компаративни искуства од повеќе специјализирани институции за борба против организиран криминал и корупција, како на пример, британската Национална Агенција за борба против криминалот, италијанската истражна агенција за борба против мафијата, хрватскиот Уред за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал и словенечката Комисија за спречување на корупција.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: „Дојче Веле“)

агенција актуелно закон корупција криминал Павле Трајанов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.