Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тргувањето со биткоини стана досадно, но тоа не е нужно лоша вест
Анализи

Тргувањето со биткоини стана досадно, но тоа не е нужно лоша вест

октомври 31, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во изминатите неколку месеци, цената на биткоинот тврдоглаво осцилираше околу 20.000 долари, што е знак дека нестабилноста на пазарот стивна.

Дваесетдневната нестабилност на крипто-валутата падна под индексите Насдак и СиП 500 за прв пат од 2020 година, според податоците на агенцијата за крипто-истражување „Каико“ (Kaiko).

„Заглавувањето во таков опсег го прави биткоинот здодевен, но тоа е исто така кога малопродажбата губи интерес и паметните пари почнуваат да се акумулираат“, изјави Виџај Ајар од крипто-менувачницата „Луно“ за Си-Ен-Би-Си.

Дигиталните валути драстично паднаа по жестокиот раст во 2021 година кога биткоинот порасна до 68.990 долари. Но, во последните неколку месеци, цената на биткоинот тврдоглаво осцилира околу 20.000 долари.

Акциите и крипто-валутите оваа година паднаа бидејќи растот на каматните стапки од страна на американската централна банка и зајакнувањето на доларот го оптеретија секторот.

Поврзаноста на биткоинот со акциите со текот на времето се зголеми бидејќи се повеќе институционални инвеститори инвестираа во криптовалути.

Но, цената на биткоинот неодамна се стабилизираше. И за некои инвеститори тоа намалување на нестабилноста е добар знак.

„Биткоинот веќе четири месеци главно е меѓу 18 и 25 илјади долари, што укажува на консолидација, бидејќи гледаме дека индексот на доларот исто така достигнува врв“, смета Ајар.

Антони Тренчев, ко-основач на крипто заемодавачот „Нексо“ (Nexo), вели дека стабилноста на цените на биткоинот е „силен знак дека пазарот на дигитални средства созреал и станува помалку фрагментиран“.

Криптовалутите претрпеа брутален пад оваа година. Биткоинот, најголемата дигитална монета во светот, падна за околу 70% во однос на својот врв во ноември.

Сегашната таканаречена „крипто зима“ во голема мера е резултат на агресивното заострување од страна на ФЕД, која ги зголемува каматните стапки во настојувањето да ја скроти растечката инфлација.

Матео Данте Перучио, меѓународен претседател на фирма за управување со дигитални средства, истакна дека забележал „контраинтуитивен раст на побарувачката од традиционалните институционални инвеститори во крипто, во време кога генерално ќе има пад на интересот на традиционалните пазари“.

Финансиските институции продолжија да преземаат чекори во криптовалутите и покрај падот на цените и намалениот интерес на малите инвеститори.

Мастеркард најави услуга која на банките им овозможува понуда за крипто тргување, откако претходно лансираше нова сигурносна алатка на „блокчејн“ за издавачите на картички.

Во меѓувреме, Виза се здружи со крипто берзата „ФТХ“ за да понуди дебитни картички поврзани со сметките за тргување на корисниците.

актуелно биткоин валута долар крипто
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.