На Универзитетот на Југоисточна Европа денеска ќе биде одржана втората од серијата јавни трибини на тема „Дигитализација на јавните услуги“, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација.
На трибината ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација.
„Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес, информираат од МИОА.
Ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, а ќе говорат и проф. Азир Алиу од Факултетот за современи науки и технологии и Бобан Милосавлески од компанијата „Алтиус Солушнс“.






