Хашкиот трибунал ссопшти денеска дека ќе формира независна експертска комисија која ќе ги испита околностите за смррта на Слободан Праљак.
Како што е наведено во соопштението, Секретаријатот на Трибуналот утринава покрена независна експертиза која ќе се фокусира на интерни операции, а во склад со стандардните процедури.
Трибуналот наведува дека експерти на чело со судијата од Гамбија, Хасан Б. Џелови ќе почнат со работа од следната недела како би можеле завршат со истрагата до крајот на годината кога тој се затвара.
Холандската обвинителка Мерилин Фикинешер вчера изјави дека Слободан Праљак во Хашката судница од шишенце испил смртоносна хемикалија после што веднаш починал.
„Направен е прелиминарен тест на супстанцијата во шишенцето и се што можам да речам за сега е дека постоела хемиска супстанција која може да предизвика смрт“, изјави Фикинешер за АП во телефонска изјава.
Таа не сакала да изнесе детали за точната природа на супстанцијата.







