Три лица загинаа вчера во протестите ширум Колумбија, соопшти Министерството за одбрана.
Во сите градови денеска дојде допроблеми во јавниот транспорт заради повикот на уште еден протест.
Повеќе од 250.000 луѓе поминаа вчера по улиците на колумбиските градови за да го изразат растечкото незадоволство од владата, вклучувајќи ги економските реформи за кои се зборува, а чие воведување претседателот Иван Дуке го негираше.
Демонстрантите протестираат заради отсуство на владина акција во запирањето на корупцијата и убиствата на активистите за човекови права, пренесе Ројтерс.
Поранешниот претседателски кандидат од левицата Густаво Петро повика на уште еден протест денеска попладне и апелираше на учесниците да удираат со тенџериња и лонци на централниот плоштад во Богота, што е традиционален вид на протест познат како „касероласо“.
Неговиот повик не го поддржа еден од главните синдикати кои ги организираа вчерашните протести.
Протестите во Колумбија се случуваат во исто време кога и демонстрациите во другите латиноамерикански држави, меѓу кои најголеми се во Чиле, Боливија и Никарагва.









