Владата на СДС создаде хаос во македонската економија. Владата на СДС за само 4 месеци Република Македонија ја втурна во рецесија, на прес конференција за медиуми изјави Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
„Оваа рецесија владата на Зоран Заев ја предизвика со одлуката да се преполоват капиталните инвестиции во државата.
„Со оваа одлука се успори градежништвото и другите 25 поврзани гранки.
„Рецесијата значи минусно економско салдо и загуби во економијата.
„Откако СДС е на власт имаме пад на сите макроекономски показатели.
„Со лошото управување со економијата СДС предизвика пад на извозот, намалување на просечната плата и намалување на производството.
„Да потсетиме, за овие 4 месеци СДС ја задолжи државата за неверојатни 320 милиони евра, а во месец август топењето на државните резерви надмина 180 милиони евра, или вкупно половина милијарда евра за кои граѓаните не знаат на што се потрошени или пак ќе бидат потрошени, рече Трпески.
„Рецесијата предизвикана од неспособната влада на Заев значи зголемена сиромаштија кај граѓаните, неинвестирање во Република Македонија, поголема стапка на невработеност.
Граѓаните ќе стават крај на нивното расипништво. На 15-ти октомври на локалните избори народот жестоко ќе го казни СДС, нагласи Трпески.







