Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Туристичките агенции не прифаќаат кредити, бараат финансиска поддршка за плати
Економија

Туристичките агенции не прифаќаат кредити, бараат финансиска поддршка за плати

февруари 2, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Туристичките агенции остро реагираат на денешните изјави на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши кои обелоденија дека е можно, во петтиот пакет мерки финансиската поддршка за плата да биде заменета со бескаматни кредити.

Секторот туризам, како што наведува во соопштението до медиумите, стравува од условите за кредитите. Смета дека ако се работи за помош, треба да се скратат или воопшто да ги нема.

-Како е можно кога по една година тотален колапс на туризмот, во време кога не знаеме дали во наредните три месеци ќе имаме егзистенција, бидејќи нема подобрување на повидок, да добиваме кредити наместо помош? Повеќе од половина туристички агенции се одбиени во претходните објавени мерки за аплицирање за кредит поради неверојатните услови кои беа поставени за нивно добивање, а сигурно исти такви услови ќе се воведат сега. Кога треба кредитот да го добијат сите и тоа се гледа како мерка за помош, треба да се скратат условите или воопшто да ги нема освен, нормално, падот на прометот, кој во овој сектор е над 90 проценти. Помош со бескаматни кредити, не е помош кога има услови, и треба сите да имаат можност да го користат. Исто така, правното лице без разлика дали имало негативен исход на крајот на годината, треба да може да ја добие помошта.

Според туристичкте агенции, финансиската поддршка за плата се покажа како една од најдобрите мерки на државата за спас на работните места кои дадоа надеж дека ќе се преживее и со тие минимални примања кои не се доволни за да се опстои, но, сепак, значеа сигурност и спокој за вработените додека да дојде момент повторно да се функционира.

-Сега туризмот е оставен на милост и немилост. Нема можност за работа, границите се затворени, никој воопшто не го покренува прашањето за преговори за отворање на границите до летниот период за да може секторот сам да се опорави за да не му е потребна помошта од државата, додаваат агенциите и апелираат веднаш да се врати финансиската исплата на плати во новиот пакет.

Тие се задоволни од грантовите и финансиската помош во 2020 година, но тоа, велат, мора да има континуитет.

-Грантовите беа во вредност од 1500 до 7000 евра, а во просек најнискиот трошок на една туристичка агенција за режиски трошоци без покритие на плати е 18.000 евра. И доколку се навратиме на тоа дека падот на прометот е над 90 отсто, како да се покријат овие трошоци? Грантовите помогнаа, но не можеме да кажеме дека беа доволни за овие компании сега сами да ги покриваат трошоците за плати. Наместо да се разгледува проблемот зошто одредени компании што имаа вработени на определено месец, два и три, а не ги отпуштија, туку договорот им завршил и од таа причина беа изземени од помошта за плати, овој пат да бидат земени предвид за финансиска помош за плати, се прекинува. Туристичкиот сектор смета дека државата не сака да дозволи овој сектор да згасне. Кога ќе се врати ситуацијата во нормала со работа и плаќање даноци овој сектор ќе помага во полнење на буџетот, а што доколку се остави да згасне, реагираат агенциите. 

агенции Кредити плати снег туризам туристички финансиска поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари

октомври 20, 2026

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.