Новинарката Хатиџе Камер која работи за турскиот сервис на ББС е притворена во провинцијата Сирт.
Таа го следела инцидентот во рудникот во таа област во кој загинаа неколку работници, а сеуште е во тек операција за спасување на оние кои останаа заробени.
ББС наведува дека не постои оправдана причина за апсење на нивниот дописник која е и на чело на локалното задружение на новинари.
Турција во текот на изминатите месеци ги зајакна мерките против медиумите, затварајќи повеќе од 170 редакции, од кои повеќето беа на југоистокот на Турција.
Во притвор моментно се наоѓаат повеќе од 120 новинари.









