Турските воздухопловни сили денеска го бомбардираа градот Африн, 65 километри од Алепо во Северозападна Сирија, при што загинаа најмалку три лица.
Во понеделникот, 13 лица беа убиени при напад на турската авијација во граничните општини Џандарис и Билбил.
Според податоци на здравствените власти, во Африн од 20 јануари загинаа 86 лица, од кои повеќето жени и деца.
Генералштабот на вооружените сили на Турција соопшти дека за 11 дена во операцијата „Маслиново гранче“ се уништени повеќе од 400 објекти на Силите за заштита на народот во реонот на Африн и се убиени 712 терористи.
Во експлозија од проектили истрелани од Курдите на турска територија загинаа двајца, а 21 лице е рането.







