Во железничка несреќа на западот на Турција која се случи денеска кога патнички воз излета од шините загинаа најмалку десет лица, а 73 се повредени, соопштија официјални лица.
Патничкиот воз со вкупно 368 луѓе тргнал од Едрене кон Истанбул, а несреќата се случила близу селото Сарилар.
Околу стотина возила на Итна медицинска помош се упатени кон местото на настанот, како и воени хелихоптери за помош на повредените патници.
Локалните власти соопштија дека до излетувањето на возот од шините дошло поради силните дождови кои го зафатија тој регион.
https://www.youtube.com/watch?v=1A0sPzrE2V0&feature=youtu.be
(Фото: Мехмет Јирун – АП, Сервис АФП)









