Турција денеска издаде уредба со која се отпуштаат 18.000 државни службеници, од кои половината се припадници на полицијата.
Уредбата следи после победата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите одржани пред две недели, а пред неговата инаугурација.
Како што се наведува, оваа уредба е донесена пред очекуваното укинување на вонредната состојба која е на сила од јули 2016 година, од неуспешниот државен удар.







