Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат дел од процесот Брдо-Бриони чиј што домаќин е претседателот Ѓорге Иванов
Своето присуство го потврдија претседателите на Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина. Како специјален гостин на состанокот, во Скопје ќе допатува и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.
Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на иницијатива на претседателите на Словенија и на Хрватска. Главната цел на процесот е европска интеграција на земјите од регионот и стабилизирање на состојбите во Западен Балкан. Поради гостувањето на шефовите на држави во Скопје е одреден прв степен на безбедност.
Градот ќе го надлетуваат хеликоптери, а ќе има и посебен сообраќаен режим на неколку булевари.
ИЗВОР:ТВ24







