Бразилската полиција уапси 108 лица во најголемата досега полициска акција против педофили во Јужна Америка.
Министерот за правда Торквато Јардим изјави дека тие кои се наоѓаат во притвор биле учесници во ланецот кој делел порнографски фотографии од деца преку телефони и компјутери.
Како што денес пренесува Би-Би-Си, оваа операција уследила по завршувањето на шестмесечната истрага во која учествувале официјални лица од САД и Европа за емиграции.
Истражителите пронашле повеќе од 150.000 фајлови кои содржеле вознемирувачки фотогравоо меѓу кои имало и такви на кои било прикажано злоставување на бебиња и деца, а некои деца и тинејзери откриле дека нивните родители или роднини учествувале во таквите работи.
Меѓу уапсените се и полицаец во пензија, неколку државни службеници и спортски работници, луѓе задолжени за фудбалски младински клубови.
Според зборовите на Јардим, педофилите користеле софистицирана техника за да избегнат каква било можна истрага против нив.
„Тие ги чуваат своите незаконски криминални фотографии во компјутери на некои на другиот крај на државата или дури и во странство. А често луѓето кои чуваат таква содржина и не се свесни за тоа“, истакна Јардим.
Операцијата на почетокот била фокусирана на осомничени кои делеле незаконски прдофилски содржини.
Меѓутоа, после заплената на повеќе од десет компјутери, мобилни телефони, ЦД-а и хард дискови, истражителите откриле дека таа криминална група, исто така, произведува порнографски содржини и ги поставува на интернет.
Засега, пренесува Би-Би-Си, не е познато дали овој ланец од педофили функционирал независно, само во Бразил, или бил поврзан со други криминални мрежи во странство.









