Француските власти соопштија денеска дека е уапсено 23-годишно момче кое е осомничено дека сакало да изврши напад на францускиот претседател Емануел Макрон.
Момчето е уапсено во четвртокот во предградие на Париз, а на полицијата при распитот и изјавил дека сакал да го нападне Макрон на 14 јули при одбележување на Денот на падот на Бастиља, при што истакнал националистички ставови.
Макрон на денот на падот на Бастиља ќе ја следи воената парада заедно со американскиот претседател Доналд Трамп кој претходно го потврди своето доаѓање.
Уапсеното момче во саботата прелиминарно е обвинето за терористички активности.
Француските медиуми пренесуваат дека обвинетиот живее во Аржантеј, на северот на Франција, оти наводно е близок на идеологијата на екстремната десница, а бил уапсен после пријавата на интернет сајтот на француската влада. Тој, на сајт за видео игри, напишал дека сака да купи „калашников“ за да изврши атентат.
Кога полицајците дошле да го уапсат им се заканувал со кујнски нож, а во неговиот автомобил се пронајдени уште два ножа.
Момчето кое себе си се опишал како „националист“, имал намера да нападне „црнци, Арапи, Евреи и хомосексуалци“, а во 2016 година веќе бил осуден затоа што го бранел тероризмот.







