Осомничен за убиство во јужна Романија призна дека е виновен за убивање на две тинејџерки, соопшти неговиот адвокат.
65-годишниот Џорџе Динка кој работел како механичар беше приведен поради убиствата на 15-годишната Александра Мекансану и 18-годишнатаЛуиза Меленку која се водеше за исчезната од април.
Мекансану се јавувала на полицијата три пати за да каже дека е киднапирана од маж, но на полицијата и биле потребни 19 часа за да ја лоцираат и да добијат налог за да можат да влезат во куќата на Динка.







