Швајцарската банка УБС денеска објави дека има нето добивка од 1,7 милијарди долари за третиот квартал од оваа година, нешто над очекувањата на аналитичарите, чии предвидувања беа дека ќе се реализира добивка од 1,64 милијарди долари.
Лани во овој период УБС објави нето приход од 2,3 милијарди долари.
Банката ги пропушти очекувањата минатиот квартал кога забележа добивка од 2,108 милијарди долари. Тогаш беше соопштено дека вториот квартал бил „еден од најпредизвикувачките периоди за инвеститорите во последните 10 години“ поради високата инфлација, војната во Украина и строгите политики „Ковид-19“ во Азија.
Од УБС напоменуваат дека тие фактори останале на ум на инвеститорите и во третиот квартал.
„Макроекономското и геополитичкото опкружување стана се покомплексно. Клиентите и понатаму се загрижени за постојано високата инфлација, повисоките цени на енергијата, војната во Украина и долготрајните ефекти од пандемијата“, се вели во соопштението на извршниот директор на банката, Ралф Хамерс.
Сепак, зборувајќи за Си-Ен-Би-Си, Хамерс рече дека има многу силни приливи на капитал во бизнисот во текот на тримесечјето, со нето нови средства кои генерираат надоместоци од 17 милијарди долари.
Приходите на банката достигнале 8,3 милијарди долари, за разлика од 9,1 милијарди долари пред една година, а оперативните трошоци паднале на 5,9 милијарди долари, од 6,2 милијарди во овој период лани. Стапката на капитал ЦЕТ 1, мерка за солвентноста на банките, пак, достигнала 14,4% во споредба со 14,9% пред една година.
Одделот за инвестициско банкарство на швајцарскиот заемодавач забележа пад на приходите од 19%, со послаби резултати кај паричните удели и приходите од финансирање на неутрализираните приходи од странска валута.
Одделот за управување со глобално богатство, исто така, објави помали приходи, пад од 4% од година во година.
Меѓутоа, приходите од личното и корпоративното банкарство се зголемија во истиот период, благодарение на поволните стапки од Швајцарската народна банка.







