Украинската војска е доведена во состојба на највисока борбена готовност, соопшти прес службата на Министерството за одбрана на Украина.
Во соопштението се наведува дека наредбата е усвоена врз основа на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за воведување на воена состојба во земјата.
Освен тоа, во состојба на највисока борбена готовност е подигната и украинската Служба за безбедност.
„Зголемени се контраразузнувачките мерки за да се спречат други провокации на разузнувачкиуте служби на Русија на територијата на Украина за дестабилизација на ситуацијата во земјата“, се истакнува во соопштението.
Руските медиуми информираат дека вчера бродовите на украинската морнарица „Бердјанск“, „Никопољ“ и „Јани Капу“, нарушувајќи ги членовите 19 и 21 од Конвенцијата на Обединетите нации за морските права, ја пресекле државната граница на Русија. Бродовите влегле во времено затворените во на Русија и неколку часови правеле опасни маневри, не одговарајќи на барањата на руската воена морнарица да го запрат тоа, заради што била донесена одлука да се употреби оружје.
Трите бродови беа задржани на околу 20 километри од рускиот брег и 50 километри југозападно од вообичаениот премин за бродови низ Керкиот мореуз под Кримскиот мост.
Во инцидентот полесно беа повредени тројца украински војници, ним им е укажана медицинска помош и се надвор од животна опасност.
Агенцијата ТАС С информира дека Русија веднаш поведе кривична постапка заради повреда на државната граница и заменикот на рускиот амбасадор во Обединетите нации, Дмитриј Пољански, побара итно заседание на Советот за безбедност при ОН за состојбата во Азовското море.
Во Киев е одржана седница на украинскиот Совет за национална безбедност после која тамошниот претседател Петро Порошенко најави дека на парламентот ќе му предложи да воведе воена состојба.
Европската унија ги повика Русија и Украина да „делуваат со најголема можна воздржаност за да не дојде до ескалација на состојбата“.
Во соопштението, исто така, е наведено дека Брисел од Русија очекува „повторно да воспостави слобода на преминот“ низ Керчкиот мореуз.
Бродовите на руската крајбрежна стража вчета ги запленија трите воени украински бродови во Црното море кај Крим, кои се обидоа да поминат под Кримскиот мост. Станува збор за два артилериски брода и влекач кои потоа биле одведени во пристаништето Керч на Крим.
Руската страна употребила оружје за да ги принуди бродовите присилно да запрат, наведе руската Федерална служба за безбедност.
Ројтерс наведе дека инцидентот ја одржува растечката напнатост меѓу Москва и Киев околу Азовското море, на чии води и двете држави полагаат право.
Новинарот на Ројтерс од местото на настанот јавува дека на бродовите нема траги од оштетувања и дека во нивна близина се наоѓаат луѓе во униформи на морнарицата.
Русија денеска, рано утрово, го отвори преминот Керч во близина на Крим, јавува агенцијата РИА Новости.







