Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » УНИЦЕФ со поддршка на реформите на МОН – Време е за подобар образовен систем во кој учениците ќе бидат во центарот на промените
Македонија

УНИЦЕФ со поддршка на реформите на МОН – Време е за подобар образовен систем во кој учениците ќе бидат во центарот на промените

јануари 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани во изјава по повод Меѓунаридниот ден на образованието дава поддршка на образовните реформи коишто ги спроведува Министерството за образование и наука. Понудената концепција за основно образование од МОН ги содржи сите клучни сегменти кои треба да се постигнат со реформата, а на кои потсетува УНИЦЕФ по повод Меѓународниот ден на образованието.

Според Патриција Ди Џовани образовниот систем, на чело со наставниците, треба да им помогне на учениците да стекнат знаење, притоа оспособувајќи ги да го користат знаењето, да развијат социјални и емоционални вештини, умешност за критичко и креативно мислење, самодисциплина, љубопитност и чувство на припадност и цел. За потсетување во главниот фокус на новата концепција за основно образование се токму инклузивниста и поттикнувањето на полниот потенцијал на секое дете преку критичко и креативно мислење.

„УНИЦЕФ ги повикува сите чинители да останат посветени на реформите во образовниот систем базирани на докази, при што учениците да бидат во центарот на промените. Сега е време да се зајакне соработката и националната солидарност, а образованието да биде фокус на обновување и трансформација во насока на поквалитетна настава и учење за сите деца и млади за време на пандемијата на КОВИД-19 и потоа, во фазите на закрепнување. Време е да се инвестира во подобар образовен систем со цел образованието да стане средство за негување социјална правда, мир, почитување на различноста, човековите права и демократските вредности”, вели Ди Џовани.

Претставничката на УНИЦЕФ посочува дека во моментов, земјата е во процес на реформа на образованието со која треба да има поголемо вложување во професионалниот развој на наставниците во и вон училиштето, со цел наставниците да добијат пристап до можности за учење и можности да напредуваат во кариерата.

„Потоа, треба да се зголеми времето што учениците го поминуваат во основно училиште. Да се обезбедат услови за целосно вклучување на учениците со попреченост во редовниот образовен систем во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и да се зајакнат критериумите за избор на кандидати за идни наставници на наставничките факултети”, вели Ди Џовани.

Ди Џовани истакнува дека треба да имаме на ум дека дури и пред КОВИД-19, постоеше образовна криза, при што според последните резултати на ПИСА, над половина од петнаесетгодишните ученици во земјава не успеаја да покажат дека ги совладале основите на читање и математика. Исто така, неодамнешна анализа на образовниот систем во земјата, спроведена заедно со ОЕЦД, се посочени главните причини за негативните трендови во образовните резултати и дека тоа треба да поправи се со цел да се обезбеди подобар образовен систем.

„Без амбициозни зафати во образованието, пандемијата на КОВИД-19 уште повеќе ќе ја продлабочи сегашната образовна криза, со катастрофални последици по генерации ученици, како и по економската продуктивност и социјалната кохезија во земјата.

Истражувањата во светски рамки покажуваат дека главниот двигател на добрите резултати во образованието е квалитетот и компетентноста на наставата. Затоа, пресудни за добриот образовен систем се мотивирани и компетентни наставници”, вели Ди Џовани.

МОН образовен поддршка систем УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

ноември 9, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка

ноември 9, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.