Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » УНХЦР ги поздравува заложбите на Северна Македонија во рамките на Глобалниот форум за бегалци
Политика

УНХЦР ги поздравува заложбите на Северна Македонија во рамките на Глобалниот форум за бегалци

декември 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Воспоставување систем на заштита од сексуално и родово базирано насилство согласно Истанбулската конвенција кој вклучува заштита на бегалците и барателите на азил, решавање на повеќегодишната состојба на преостанатите бегалци од Косово преку давање долготраен правен статус во државата за сите кои се квалификуваат и зголемување на капацитетот за заштита на барателите на азил и лицата под меѓународна заштита преку зајакнување на управувањето со случаи за азил.

Ова се трите заложби со кои Северна Македонија кон глобалната иницијатива за заштита на бегалците.

Оваа недела во Женева се одржа Глобалниот форум за бегалци – состанок на високо ниво на влади, меѓународни финансиски организации, водачи на бизниси, хуманитарни и развојни чинители, бегалци и претставници на граѓанското општество.

На него присуствуваа околу 3.000 учесници, вклучувајќи бегалци и 750
делегации.

Форумот, како што соопшти претставништвото на УНХЦР, е клучен елемент од Глобалниот компакт за бегалци што го потврдија државите  членки на ОН во Њујорк во декември 2018.

Следниот Глобален форум за бегалци ќе се случи за четири години, во 2023 година.

На Глобалниот форум за бегалци, претставници од Владите и други засегнати страни дадоа преку 770 заложби за поддршка на бегалците и
заедниците во кои тие живеат.

Заложбите се во области како вработување, образование, нови политики, финансии.

Во скора иднина се очекуваат дополнителни заложби, а поставени се и индикатори за да се мери напредокот.

Состанок на кој ќе се разгледува статусот на заложбите ќе се случи за две години.

„Владите покажаа вистинска солидарност преку конкретни заложби на Глобалниот форум за бегалци што се одржа во Женева оваа недела. Среќна и благодарна сум што Владата на Северна Македонија уште еднаш се придружи кон глобалното движење на солидарност со бегалците доставувајќи три важни заложби што ќе имаат директен и моментен позитивен ефект врз животите на бегалците“, изјави претставничката на УНХЦР во Северна Македонија, Моника Сандри.

Нивното спроведување, додаде таа, ќе ги подигне стандардите на заштита на бегалците во земјата.

„Заложбата да се реши ситуацијата на околу 70 семејства бегалци од Косово, по речиси две децении раселеност, ќе им овозможи да си го вратат достоинството и да придонесат кон заедницата во која живеат, а во исто време ќе ги унапреди стабилноста и помирувањето во регионот. УНХЦР продолжува да соработува со Северна Македонија да се осигури дека ниту еден човек нема да биде изоставен#, рече Сандри.

бегалци Глобален форум заложби северна македонија УНХЦР
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

ноември 9, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка

ноември 9, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.