Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Урбаните џентлмени на мотори кои се борат за машкото здравје стануваат препознатлив бренд на Скопје
Во Фокусот

Урбаните џентлмени на мотори кои се борат за машкото здравје стануваат препознатлив бренд на Скопје

септември 28, 2019Updated:септември 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Урбаните моторџии кои станаа препознатлив бренд во Скопје годинава четврти пат ќе дефилираат низ скопските улици, обидувајќи се да ја издигнат свеста за машкото здравје и да соберат донации за борба против рак на простатата.

Со ова, Скопје и годинава ќе биде дел од глобалното движење „Возење на истакнати џентлмени“ (The Distinguished Gentlemans Ride), кое ќе се одржи во над 690 градови во повеќе од 110 држави.

На глобално ниво ќе дефилираат над 100 илјади моторџии со уникатни и префинети мотори.

„Со овие параметри се карактеризира како најголем мотоциклистички хуманитарен настан во светот. Значи нема поголем во бројот на ученици и висината на собраните донации. Во изминатите години на глобално ниво се собрани 20 милиони евра што одат директно во фондацијата „Мовембер“, која потоа ги распределува во програми наменети за заштита на машкото здравје“, вели Благоја Петровски, кој заедно со Игор
Стефановски се главните „виновници“ за Скопје да биде дел од ова светско движење.

Двајцата во разговор за МИА истакнуваат дека се задоволни со подемот што го доживува настанот во Скопје и што сè повеќе расте интересот на граѓаните за ова движење.

„Луѓето веќе го препознаваат настанот и се идентификуваат со него. Има интерес и кај фирмите за поддршка на настанот. Годинава имаме финансиска поддршка и од Град Скопје, а настанот првпат влезе и во програмата на градски настани во Скопје. Тоа е показател дека настанот расте и поддршката си доаѓа сама од себе“, вели Стефановски.

Потврда за ова е и бројот на учесници, кој од година во година расте и поставениот лимит е секогаш максимално исполнет.

Првата година учествувале 70 моторџии, втората околу 100, а лани имало официјално
пријавени 126.

„Лимитот што го поставуваме секоја година прогресира, дури имавме и ситуации кога дополнително луѓе сакаа да се приклучат. Има многу моторџии кои специјално купуваат мотор само за да имаат причина да учествуваат. Стануваат моторџии само заради настанот“, посочуваат двајцата организатори.

Она по што годинава Скопје се извојува од останатите градови е тоа што е единствениот во светот што има брендиран двокатен автобус со логото на движењето.

Петровски и Стефановски во разговорот за МИА откриваат дека годинава се внесени многу новини како дел од настанот.

Ќе биде поканет доктор уролог, кој ќе говори за машкото здравје, а академски сликар ќе го прикаже целиот настан од свој аспект.

Неговата слика потоа ќе му биде врачена на најуспешниот мотоклуб собирач на донации.

Новина е и тоа што годинава, покрај плакети, тројцата најуспешни донатори ќе добијат и вредни награди, кои, како што велат двајцата организатори, на некој начин
се и трофеи за тројцата најголеми донатори во Скопје бидејќи на нив ќе биде ставено и логото на движењето.

Исто како и лани, така и годинава, Скопје е меѓу градови со најмногу собрани донации.

Засега е на третото место и пред него се само Будимпешта и Белград, а зад него се сите останати поголеми градови од регионот како Љубљана, Загреб, Софија, Солун, Атина…

„Да учествувате на настанот со нула донации е најнесреќното сценарио и за организаторите и самиот учесник. За нас е сатисфакција самиот рајд да има повисока позиција како успешен со собрани донации. Тогаш е успешно завршена приказна“, велат организаторите.

Додаваат дека тие како организатори немаат никаков контакт со парите што се уплатуваат како донации, бидејќи секој што сака да донира тоа го прави директно во фондацијата „Мовембер“ во Лондон.

„За да се стане дел од овој уникатен настан, потребно е секој потенцијален учесник кој сака да учествува на локалниот настан да отвори свој кориснички профил на светската официјална веб-страница Gentlemans.com. Таму си креира свој профил каде што ги внесува своите лични податоци и типот на мотоциклот што ќе го вози. Притоа, пожелно е мотоциклот да соодвестува со критериумите дадени од организаторот.
Потребно е при креирањето на профилот да се донираат средства што ќе бидат искористени како донации за машкото здравје. Парите кога се регистрира профилот се плаќаат со кредитна картичка директно во фондацијата „Мовембер“ во Лондон, така што тие пари, иако некој мисли дека ние ги трошиме, одат директно во фондацијата. Ние немаме никаков контакт со донациите“, појаснуваат Стефановски и Петровски.

Велат дека целиот настан го прават од љубов кон моторите и од желба да се придонесе во борбата за заштита на машкото здравје.

„Идејата на настанот е да се разбуди свеста за борба против машките болести и самоубиствата како последица од овие болести, да се анимира јавноста за превентивните прегледи, како и да се соберат средства за борба против овие болести“, потенцираат Стефановски и Петровски.

Покрај хуманата димензија, настанот промовира и еден урбан начин на облекување кај мажите, а дел се и уникатните мотори од кои дел се олдтајмери што ретко се гледаат.

За да се учествува, потребно е да се испочитуваат одредени правила, односно да се има уникатен мотор и елегантен дрес код составен од палто, вратоврска, елек, елегантни чевли и задолжително кацига за безбедност.

Почетоците на движењето „Возење на истакнати џентлмени“ се во 2012 година во Сиднеј, кога Марк Хава облечен во фин машки костум заедно со свои пријатели одлучи да дефилира низ улиците во чест на негов пријател кој умрел од рак на простатата.

Движењето зема замав и од година во година се зголемува бројот на учесници и градови што партиципираат.

Така, сега на годишно ниво се собираат и до 20 милиони евра, кои преку фондацијата „Мовембер“ се распределуваат во оние институции и болници што третираат проблеми поврзани со машкото здравје.

МИА

машкото здравје мотори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026

Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години

ноември 9, 2026

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.