Приватната американска компанија за вселенско истражување Спејс Икс (SpaceX) вчера успешно лансираше тајвански сателит од воздухопловната база Венденберг во Калифорнија.
Ракетата Фалкон 9 полета и го испрати во вселената Формосат-5 (Formosat-5), сателит на Националната вселенска организација за надгледување на Земјата, соопштија од Спејс Икс. Тоа е првиот сателит дизајниран и произведен во Тајван.
Малку подоцна Фалкон 9 успешно се врати на Земјата.
Компанијата со седиште во Калифорнија првпат користеше делумно обновена ракета за лансирање на сателит во март годинава.
Ракетите за повеќекратна употреба се сметаат за клучни за намалување на трошоците за вселенски летови, бидејќи НАСА се свртува кон приватните компании за превоз на стоки и можеби астронаути на Меѓународната вселенска станица (ИСС)







