На 15 мај завршува четиригодишниот мандат на градоначалниците, но се уште нема можност да се распишат нови избори.
Поради ова, Министерството за локална самоуправа и на Светскиот македонски конгрес поднесоа иницијатива до Уставниот суд за продолжување на мандатите на градоначалниците.
На утрешната седница е најавено дека судиите од Уставниот суд ќе дискутираат токму за оваа иницијатива.
Претходно, ЗЕЛС упати апел за обезбедување услови за побрзо распишување на локалните избори, во спротивно, училиштата, јавните претпријатија, културните установи и противпожарни единици не ќе можат да ги извршуваат своите дејности.







