Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » УСЈЕ тврди дека не загадува
Скопје

УСЈЕ тврди дека не загадува

ноември 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Цементарница УСЈЕ која често на социјалните мрежи е посочувана како компанија што придонесува во загадувањето на воздухот, во целост работи според сите законски прописи и ги почитува сите регулативи што се пропишани од македонското и европското законодавство, тврди Борис Хрисафов, извршен директор на компанијата.

На отворениот ден во компанијата каде беше презентиран процесот на работа на Цементарницата УСЈЕ, Хрисафов посочи дека мисиите што УСЈЕ ги емитира во воздухот се контролираат преку 24 часовен мониторинг систем, независен систем што не е контролиран од страна на компанијата, туку од други акредитирани компании што вршат мерења од време на време.

„Донесовме одлука, во овој период кога загриженоста на граѓаните е поголема резултатите од мерењата да ги објавуваме на неделно ниво на нашата веб страна, вели Хрисафов.

Тој истакна дека не е можно процесот да тече ако филтрите не се во функција и појасни дека станува збор за најсовремени вреќести филтришто придонесуваат за добри, ниски емисии во воздухот.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули соопшти дека Државниот инспекторат пред осум дена извршил контрола врз компанијата.

„Државниот инспекторат, согласно закон, се грижи за оние инсталации, за коишто велиме дека се со А лиценца, додека Градот Скопје и општинските се грижат за оние што имаат Б лиценци“, рече Макрадули, вчера одговорајќи на прашања на поврзани со аерозагадувањето на социјалната мрежа Фејсубк.и додаде дека  контрола на капацитетите се врши редовно, а по потреба на повик и вонредна.

Градот Скопје, информира, во вонредна контрола на кампаниите што имаат Б лиценца во септември и октомври изречени се двојно повеќе казни отколку во тој период лани.

Посочи дека во однос на големите компании, за кои граѓаните сметаат дека во значителна мера го зголемуваат загадувањето на воздухот, Макрадули посочи дека во Република Македонија има 396 компании со легални лиценци, од кои 160 со А, а  236 со Б дозволи. Но, како што додаде тој, има и компании коишто работат со усогласување на оперативниот план, како што е примерот на Југохром, според кој од 2014-та година не успеа да се усогласи со оперативниот план, не набави филтри и сега не работи и РЕК Битола , каде после подолго време е потпишан договор со компанија да ја третира прашината што се крева при работата на овој комбинат.

Макрадули најави дека во овој момент се прави сериозна промена и дека на системот ЕНЕР веќе се наоѓа законот за инспекциски совет, со кој  нема да биде строго поделена надлежноста, како што беше досега и да се бега од одговорноста, туку напротив да се интервенира.

На отворениот ден Макрадули рече дека веќе имаме неколку најави од неколку компании кои ќе почнат да користат извори на загревање кои се еколошки.

актуелно град скопје загадувач усје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.