Поради технички зафати во електросистемот на Скопје утре без струја ќе останат неколку улици во Карпош, Ѓорче Петров, Студеничани, Аеродром, Зелениково, Петровец и Чаир.
„ЕВН Македонија“ информира дека утре во период од 9.00 до 12.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Блажо Биринчето“, „Франц Розман“, „Петар Шаулев“ и улица „Франц Месенел“, во општина Карпош.
Во период од 8.45 до 11.00 часот нема да има струја на дел од улицата „Лука Геров“, од број 33 до 34, непарните броеви и околните згради, а меѓу 12.10 и 14.00 часот број 13 и број 15 и околните згради во општина Ѓорче Петров.
Без електрична енергија утре ќе останат и дел од корисниците во село Морани, после каналот за патот кон Зелениково. Ним струјата ќе им биде исклучена од 08.30 до 14.00 часот.
Од 9.00 до 15.00 часот без нема да има струја на улиците „Леринска“, „Стрезово“ и на дел од улицата „Козле“ во општина Карпош.
Корисниците на дел од улица „Тодор Чангов“, подулица број 52, во населба Лисиче, во општина Аеродром, еден час ќе останат без струја, од 10.00 до 11.00 часот.
Во периодот од 9.00 до 10.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од жителите во село Орешани, а меѓу 11.30 и 14.00 во Чифлик, Дивље, Живиње, Сушица, Средно, Долно и Горно Коњари.
Корисниците од улиците „Ѓорѓи Поп Христов“, „Благоја Паровиќ“ „Никола Малешевски“ и „Роналд Реган“ во општина Чаир ќе останат без елекрична енергија во период од 8.30 до 15.00 часот.