Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Учениците и студентите можат да аплицираат за финансиска помош до 25 декември
Градови

Учениците и студентите можат да аплицираат за финансиска помош до 25 декември

декември 22, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поради голем интерес, Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за учениците и студентите и трае до 25 декември.

МОН ги потсетуваат студентите кои аплицираат за финансиски надомест за меѓуградски превоз дека пријавата се поднесува електронски преку порталот Е-услуги.

Од МОН појаснуваат дека родителите/старателите кои се приматели на гарантирана минимална помош од државата при аплицирање за остварување на правото на финансиска поддршка за своите деца – ученици како доказ за средствата кои ги добиваат доставуваат само Решение за добивање на гарантираната минимална помош, издадено од Центарот за социјални работи.

Родителите/старателите кои не се во работен однос немаат обврска да достават потврда од Агенцијата за вработување, туку треба да достават извод од сите лични трансакциски сметки за претходен месец како доказ дека не постојат приходи по основ на плата (доколку не доставуваат решение за примање на гарантирана минимална парична помош).

Оние родители/старатели кои не поседуваат трансакциски сметки даваат своерачна изјава дека не поседуваат трансакциска сметка и таа не треба да биде заверена на нотар. Потоа ресорното министерството врши проверка на податоците.

За учениците чии родители не се во брак, изјава пополнува само родителот на кој со судска одлука му е доделено правото на старателство, без да се достави писмена согласност од другиот родител. Ова важи и за децата од вонбрачни заедници, изјава и податоци доставува само едниот родител.

МОН го објави повикот за финансиска поддршка за ученици и студенти

Правото на финансиска поддршка од 1200 денари за основци, односно 1800 денари за средношколци им следува и на учениците од приватните училишта кои имаат верификација за работа од Министерството за образование и наука.

Студентите потребно е да прикачат потврда за редовен студент на државен универзитет; уверение за државјанство; лична карта или друг документ за идентификација; трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање. Како доказ се доставува фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб страницата на превозникот, појаснија од МОН.

Падна веб-страницата на МОН, голем интерес за финансиска поддршка за ученици и студенти

Финансиската поддршка е дел од деветтиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра кој содржи 26 мерки за социјална сигурност, наменети за поддршка на ранливите категории на граѓани и компании. Со мерките се опфатени 120.000 млади кои ќе добиваат поддршка од новиот пакет антикризни мерки.

Мерките ќе почнат да важат од 1 декември, а некои мерки во зависност од исплатата ќе почнат од јануари. Со мерките, покрај 120 илјади млади лица, опфатени се над 74 илјади социјално ранливи категории граѓани, повеќе од 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и повеќе од 70 илјади компании. Со новиот сет антикризни мерки опфатени и 120.00 млади

актуелно аплицирање МОН помош студенти ученици финансикса
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.