Уште девет држави се приклучија на американското Министерство за правда во тужбата против Гугл, во која се тврди дека компанијата во бизнисот со дигитално огласување го прекршила законот со кој се регулира пазарното натпреварување или пазарната конкуренција, соопшти Министерството.
Кон тужбата се приклучија и сојузните држави Аризона, Илиноис, Мичиген, Минесота, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Вашингтон и Западна Вирџинија.
Владата поднесе тужба во јануари со осум држави (Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Њу Џерси, Њујорк, Род Ајленд, Тенеси и Вирџинија) тврдејќи дека Гугл незаконски ја користи својата доминација во дигиталното рекламирање.
Гугл ги негира обвинувањата и бара од судот да ја отфрли тужбата, која беше поднесена во Вирџинија.
(Фото: „Њујорк Тајмс“)







