Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Фетаи не е задоволна од пресудата за „Насилство во Центар“, Обвинителството ќе поднесе жалба
Судски процеси

Фетаи не е задоволна од пресудата за „Насилство во Центар“, Обвинителството ќе поднесе жалба

септември 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека не е задоволна од изборот на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција за обвинетите во случајот „Насилство во Центар“ и најави дека Обвинителството ќе подне жалба на пресудите.

– Не сум задоволна од изборот на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција. Сметав дека алтернативна мерка условна осуда доаѓа предвид само за осудениот Игор Бошковски, тоа и го кажав во завршниот збор. За другите обвинети сметав и се уште сметам и затоа ќе се жалам дека освен казна затвор не доаѓа предвид друг вид на кривична санкција, изјави Фетаи одговарајќи на новинарско прашање пред Кривичниот суд.

Се работи, додаде таа, за суштинско менување на обвинението, технички измени и прецизирање во однос на работи кои не ја менуваат суштината на обвинението, не се работи за ново обвинение.

-Во однос на денес донесената пресуда можам да кажам дека сум делумно задоволна од делот со кој е утврдена кривична одговорност на страна на обвинетите за кои Обвинителството остана на обвинение. Тоа исклучиво зависи од умешноста на јавниот обвинител надвор од разумно соменавање да ги докаже кривичните дела и дејствијата кои им се ставаат на товар на обвинетите. Тоа нешто Обвинителството и го направи во овој случај, рече обвинителката Фетаи.

Таа најави дека во однос на кривичните санкции ќе има жалба од страна на Обвинителството, заради тоа што смета дека судот ги преценил олеснувачките околности кои стојат на страна на обвинетите на сметка на отежнувачките.

-Не е тоа дека нема докази против некого, ако внимателно го слушавте мојот завршен збор и таму во однос на Даниела Рангелова, кажав дека ова обвинение е поднесено во скратена постапка, во скратена постапка не постои обврска јавниот обвинител да ги испитува двете страни, туку обвинението беше поднесено исклучиво врз основа на исказите кои беа дадени од страна на оштетените, истакна Фетаи.

Во самиот Закон за кривична постапка, како што појасни, предвидено е водење на јавна расправа каде двете страни ги спротивставуваат своите аргументи, постои можност секоја страна да ги испрашува сведоците на другата страна и на тој начин постои можност да се смени целата слика, односно да се добијат детали за дејствијата преземени од страна на секој од обвинетите.

-Бидејќи доказите кои беа изведени во текот на главната расправа упатија на поинаква слика во однос на дејствијата на Даниела Рангелова и од тие причини како Обвинителство се откажавме од обвинение против нејзе, рече Фетаи.

Додаде дека периодот од четири години што цело време се спомнува, динамиката на водење на судењето не ја определува јавниот обвинител. –

Ние секогаш сме биле присутни на судењата, никогаш не сме ги злоупотребиле нашите права што ни припаѓаат согласно закон во насока на одолговлекување на постапката, можеби еднаш до два пати се случило ние да отсуствуваме поради случаите со СЈО, нагласи обвинителката Фетаи.

Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски денеска беше осуден на казна затвор од една и пол година, а екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

актуелно жалба насилство незадоволна Фатиме Фетаи центар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.